АктуелноОхрид

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања и универзитетот “Св.Апостол Павле”

Со задоволство информираме дека на 20.09.2022 во просториите на нашата болница беше склучен Меморандум за соработка помеѓу нашата Установа и Универзитетот за информатички науки и технологии “Св.Апостол Павле” од Охрид.
Со овој Меморандум го отвараме патот за идна соработка во повеќе сфери , која за своја крајна цел има подобрување на квалитетот на услугите кон заедницата- нашите , во служба на здравјето на граѓаните, а на Универзитетот во служба на образовната дејност.
Се отвара можноста за воспоставување на едукативна и научна соработка како и соработка во користење на модерните трендови на информатичко- комуникациските технологии во здравството, велат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид.


„Очекуваме дека ваквата соработка ќе резултира со побрза и полесна достапност на новините во медицината до јавноста и промоција на здрави животни навики и здравствена грижа преку координирани интернет кампањи.
Темелна и ефикасна статистичка обработка на акумулираните податоци за пациентите, креирање на локални регистри, носење на заклучоци за чекори кон подобрување на кардиоваскуларното здравје на нашата популација.
Можност за широка интернационална соработка преку организирање на онлине платформи со здравтвени институции и лекарски асоцијации надвор од земјата, организирање на научни конференции, семинари и обуки со информатичка и техничка подршка на Универзитетот.
Воспоставување на апликативни активности од взаемен карактер кон подобрување на процесот на работа.
Взаемната соработка ќе овозможи како крајна цел побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги, како и поефективна и полесна меѓусебна комуникација и комуникација со јавноста“, додаваат од болницата.

извор: ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид
фото: ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид