АктуелноМагазинОхрид

Ликовниот педагог Слободан Пупиноски – човек со сестрана уметничка,педагошка, и хумана душа

Познатиот охридски ликовен педагог Слободан Пупиноски го красат неколку уметнички особини. Тој е добар педагог, ликовен уметник, успешен хорист, сатиричар, хуманист и активен волонтер во Црвениот крст. Ликовната уметност и убавото пеење се генетски предиспозиции, а хуманоста и добрината се добиени од советите и поуките на неговите родители, кои му биле водилка низ животот.

Уште како осмооделенец насетувал дека ликовната професија ќе му биде негова животна преокупација бидејќи сликањето многу лесно го приемчувал и имал особено чуство и осет за сликање, исто како и за пеењето.Инспириран од убавината на природата, флората и фауната, бистрите езерски води, треперливата игра на брановите и пурпурната боја на сончевите зраци, специфичната архитектура, културно-историските споменици, археолошките и етнолошките аратефакти, силно од длабочината на душата го мотивирале Пупиноски да се ориентира кон ликовната професија.
Неизмерно ги сака шумот на реките, полињата и шумите, едноставно природата со сите свои убавини, и колоритот. Затоа, во сликарството Пупиноски нема дефиниран правец. Ги негува симболизмот ,реализмот, импресионизмот и акварелот. Реализмот најмногу го има во пејсажите од Охрид и Вевчани. Во секоја негова слика има порака за заштита на природата со форма на животни што се кријат во камењата и во водата. Претежно сликите му се масло на платно, акварели и цртана графика со туш. Пупиноски учествувал на бројни ликовни колонии во Прилеп, Гевгелија, Маврово, Белчишта, Асеновград во Бугарија.

Во ликовни творби како гостин учествувал на ДЛУП во Битола на изложба со ликовни педагози во Подгорци Струга, Поградец Албанија и други ликовни манифестации. Пупиноски досега имал само една самостојна изложба во родното Вевчани во 1990 година. Тој работи и како илустратор на книги. Има илустрирано голем број на наслови на книги и разни списанија од повеќе автори од Охрид и Скопје.
Како еден од познатите и афирмирани ликовни уметници и педагог со богато творештво, ликовниот опус на Пупиноски е поместен и во втората генерација на охридски уметници по втората светска војна во книгата Сликарството во Охрид во дваесетиот век од музејскиот советник Јорданка Матова од Заводот за заштита на споменици на културата и музеј Охрид.
По повод 30 години ликовно творештво на учениците од ОУ ,,Христо Узунов,, во 2007 година Пупиноски како автор ја издава од печат Монографијата со наслов ,, По скалилата на виножитот до ликовното создвездие,,. Во оваа книга тој го опшува неговото 30 годишно педагошко работење како наставник по ликовно образование и успесите со учениците и признанаијата освоени на многу ликовни манифестации во Републикава и на 59 меѓународни и светски ликовни ликовни колонии и натпревари во поранешна Југославија, Индија, Полска, Чешка, Јапонија, Бугарија, Франција и на најголемата светска ликовна манифестација во Москва каде учествувале над 100 држави од сите континети.

Како ликовен педагог, поединечно и групно со своите ликовни секции, има добиено над 70 награди, признанија, пофалници, кои ги красат холовите и училниците на ОУ ,,Христо Узунов,, каде Пупиноски мина 30 години работен стаж, а кусо бил наставник и во селата Плаќе, Косел и во ,,Григор Прличев,,.

Покрај сликарската димензија на животот, Слободан Пупиноски уште како студент на Педагошката академија во Скопје почнали со хорско пеење. Тогаш пеел во Академскиот хор ,,Мирче Ацев,, под раководство на Драган Шуплески. По завршувањето на академијата, Пупиноски хорското пеење го продолжува во Охрид со познатиот охридски диригент Наум Гаврилоски. И сега е активен хорист во Градскиот хор. Истовремено Пупиноски осум години , односно до 2018 година пееше и во КУД ,,Далги,, при ЗП Охрид и Дебрца .Пеењето го наследил од неговиот татко Владо а помалку од неговата мајка Мара. Таткому Владо свирел на хармоника, а најомилени песни му биле севдалинките и старите македонски песни.

Покрај сликањето и пеењето, Пупиноски пишува и афоризми, анегдоти и сатира од сите свери на животот. Настапувал на повеќе манифестации и средби на пензионери, а редовно на манифестацијата ,,Меѓугенерациска средба,, која здружението е организира со основните училишта во Охрид.

Пупиноски како дете го искусил печалбарскиот живот од неговиот татко кој како мајстор работел и во Влашко и Белград. Поучен од ваквиот макотрпен печалбарски живот, десетина години е, и волонтер при Црвениот крст во Охрид во групата за грижа на стари и изнемоштени лица, каде сеуште е активен со уште пет-шест пензионерки, кои самите индивидуално самоиницијативно волонтираат во Охридскиот Црвен крст. Патем да споменеме дека и сопругата на Пупиноски, Олга со која минатата година одбележаа 50 годишнина од својот брак, беше активен спортист при ЗП Охрид и Дебрца, во шутирање на пенали на мали голчиња.
Слободан Пупиноски е роден во 1944 година во селото Вевчани. Првото одделение го завршил во Белград,2,3,и 4 оделение во селото Подгорци додека од 5 до 8 одделение во родното Вевчани. Средна учителска школа завршил во Охрид. Дипломирал пред време на ликовна академија во Скопје во 1969 година во класата на професорот Вангел Коџоман, чија педагошка и ликовно-творечка работа ќе заземе достојно место во антологијата на македонското сликарство. Не може а да не се спомене образовно воспитната дејност на историчарот на уметноста академик Димче Коцо и академските сликари и педагози Ванчо Георгиески, Спасе Куноски и други.
Слободан потекнува од познатото вевчанско семејство Пупиновци кои се потомци на научникот од светски глас Михајло Пупин. Според многу историчари а особен познатиот проф,доктор Павле Митрески кој има напишано и неколку книги за историјатот на оваа фамилија. Според Митрески, се претпоставува дека Пупиновци како номади во Вевчани се досеселени од областа Моско поле од Корча Албанија.Од таму се и корените на педагогот Слободан Пупиноски.

Инаку Слободан е најстариот брат од тројцата синови на Владо и Мара Пупиноски, Ефто и Секула Пупиноски, познати интерпретатори на народна и ново компонирана македонска песна.

извор: Пензионер плус