Од иницијативата ОХРИД ПРЕД СЕ се јавија со коментар на именувањето на Ристе Булоски за директор на „Агенција за управување со станбен и деловен простор од интерес на Република Северна Македонија“ во Охрид ( во народот попозната како „СИЗ ЗА СТАНОВАЊЕ“) и велат дека се задоволни од кадровските политики на СДСМ Охрид кои почнале во ЈЗУ „Општа Болница“ , продолжиле во „Агенција за управување со станбен и деловен простор од интерес на Република Северна Македонија“ , а каде ќе виниширале во иницијативата ОХРИД ПРЕД СЕ велат дека со нетрпение чекаат да видат, и кое ќе е следното кадровско решение на нивната поранешна партија.
„Го поздравуваме ова што го прават ! Нас ова ни одговара, ова само го урива секој атом на нормалноста во СДСМ Охрид и нас ни го отвора просторот да ги мобилизираме сите со здрав разум во СДСМ да дојдат со нас. Жалиме што овие процеси се на огромна штета на граѓаните, на народот и државата но, очигледно е дека се не избежни процеси кои мора да се случат за да се дозавшри процесот на само распаѓање на СДСМ Охрид. Тој процес е болен за општеството , но неминовен за да се спасиме од оваа состојба и да отвориме простор за санирање на катастрофата која ќе ја остават кадрите на СДСМ зад себе.“ – коментираат од „Охрид пред се“ од каде додаваат дека на почетокот на 2023 ќе се појават во јавноста со новото политичко движење.