Сечата на дрва која се прави како дел од реконструкцијата на „Македонски Просветители“ покажува дека и преостанатите дрва биле трули и веројатно опасни за минувачите.
Претходно кога почна сечењето дрва на истата улица во делот кај Летница, исто така се покажа дека се работи за стари стебла кои се одвнатре струлени и практично изедени од паразити.
Пред почетокот на реконструкцијата, во два наврати се уриваа дрва на оваа улица и само среќна околност е што во тие моменти немаше жртви.
Едно дрво се урна во невреме , на аголот кај кружниот тек , додека другото падна само од себе и оштети паркиран автомобил, кога навистина само под среќна околност немаше човечки жртви.
Граѓаните бурно реагираат при секое сечење на дрва, што пак треба да е аларм за Локалната, пто поскоро по завршувањето на реконструкцијата да се засадат нови здрави дрва.