ОхридПоследни Вести

Аеродромот во Охрид е изграден за потребите на англиската кралица, наредба да се изгради дал Тито

Постои една приказна дека аеродромот во Охрид е изграден за потребите на англиската кралица, која, наводно, за време на посетата на Јосип Броз Тито на Велика Британија, во 1953 година, изразила желба да ги посети Белград, Дубровник и Охрид, јави весникот  Вечер.

Со оглед на тоа дека Охрид во тоа време немал аеродром, Тито веднаш наредил да се изгради.

Кралицата никогаш не дојде во Охрид, но затоа тука беше престолонаследникот Чарлс. Принцот од Велс во Охрид дојде само на еден ден, кога му беше доделена честа да отвори една британска развојна агенција.

 

извор:  Вечер.