Силниот ветар утрово кој беше пропратен со дожд падна голема јасика која беше во местото на охридската касарна. Јасиката е падната на главниот пат кој ја поврзува населбата Црногорци со Охрид, поточно на улицата „Кленоец“. Дел од јасиката е паднат на покрив од куќа која се наоѓа во непосредна близина.
Полицијата е веќе на лице место при што главниот пат е затворен за сообраќај бидејќи јасиката го оневозможува тоа.
Се очекуваат надлежни екипи за решавање на проблемот.
&
View this post on Instagram
nbsp;