Со полноќно капење во водите на Охридското Езеро, огномет, музика, логорски оган среде плажа и хартиени фенери со оган кои се пуштаа во воздух, стотина кампери од земјава и странство го одбележаа крајот на летната сезона во еден од најубавите автокампови во земјава, автокампот Љубаништа, кој се наоѓа во близината на Охрид. Станува збор за традиција која се практикува последните неколку години на почетокот на септември. И додека последните кампери ги пакуваа куферите за дома, сите си посакаа една иста желба, повторно да се видат на истото место и наредното лето.
извор: Охрид 1
видео: Охрид 1