АктуелноНаш изборНаш Избор

Денес се прзнува Светиот маченик Фануриј

Кој бил и кога живеел овој светител не се знае. Многу се почитува на Родос и на Крит. Од нашите краишта, се почитува во Прилеп и Битола. Во 1500 година им се јави на некои на островот Родос и таму покажа чуда и исцеленија. Таму е пронајдена и една негова стара икона. На неа Фануриј е изобразен како млад војник, којшто во десната рака држи крст, а во левата запалена свеќа. Свети Фануриј многу се слави и во Египет. Таму постои предание дека неговата мајка била голема и непоправлива грешничка. Но, синовската љубов на Фануриј кон неа била извонредна. Тој повеќе Му се молел на Бога за спасението на својата мајка, одошто за своето. При неговото убиство, додека незнабошците го затрупувале со камења, светителот се молел: „Заради овие мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка.“ Во Египет, а и кај нас, многумина така и се молат: „Спаси ја, Господи, грешната мајка на свети Фануриј, а и мене, грешниот, помогни ми.“ И заради оваа молитва мнозина добиваат помош.

denovi.mk