АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Поради дефект, прекин во водоснабдувањето во поголем дел од Охрид

Поради настанат дефект на водоводната мрежа ( пукната е главната цевка со профил ф300мм) на улица “Наум Охридски”, денес од 12:00 часот поголемиот дел од градот е со прекинато водоснабдување.
Поради непристапен терен за работа ( цевката се наоѓа во длабока шума над бензиската пумпа Макпетрол) прекинот во водоснабдувањето може да потрае повеќе часа, информираат од ЈП Водовод Охрид.