Охрид

Охридската библиотека со старо работно време

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  од утре 5 септември го враќа старото – стандардно време за работа со читатели.

Пултот за зајмување книги од понеделник до петок ќе работи од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

Библиотеката е од отворен тип и читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само  членовите на Библиотеката.

Прличевата одаја  во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.

НУ Библиотека