Со поддршка на Општина Охрид, а во организација на Здружението за промоција на хуманитарни, културни, образовни и еколошки вредности „Синан Челеби“ Охрид, попладнево на плоштадот кај “Чинарот” се одржа манифестацијата „Минатото е богатство на еден народ“.
Токму денешниов настан покажа дека со неоптоварен поглед кон минатото, уважувајќи ги нашите културни разлики, можеме и знаеме да градиме побогат и посреќен заеднички живот за сите охриѓани.
Вие, наши драги охриѓани припадници на турскиот народ, досега не броено пати сте покажале дека хармонијата со македонскиот народ, ништо не може да ја поремети.
Во рамки на манифестацијата беа презентирани турските специјалитети турско кафе, локум, турски чај, баклава, шеќерпаре, ашуре, и старите занаети, напиша градоначалникот Пецаков во својата ФБ објава.