АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ домаќин на третиот состанок во рамките на Еразмус+

На 01.09 и 02.09.2022 година ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид беше домаќин на третиот работен состанок за имплементација на проектот за дигитално училиште DigitalVet кој се спроведува во рамките на Еразмус+ програмата. На овој работен состанок освен претставниците од нашиот училиштен центар, зедоа учество и претставници од Средното техничко училиште од Колчук и Робкод од Турција, InterCollege од Алборг, Данска, GRETB од Галвеј, Република Ирска, Второто средно стручно училиште од Хераклион, Грција и училиштето Мигуел Алтуна од Бергара, Шпанија.

На овој состанок свое обраќање имаше и директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, професорот Сашо Недески, кој им поска добредојде на учесниците и успешна работа.

Целта на овој проект е да се создаде интерактивна лабораторија во реално време преку користење на програма за симулација за проучување на паметни куќни системи. Преку оваа виртуелна лабораторија, покрај изучувањето на теоретските лекции ќе постои и апликација за симулација на работата на одредени паметни куќни системи. На овој начин учениците користејќи ја виртуелната лабораторија ќе можат да стекнат искуство за работа и во реални ситуации.

Во работниот дел од состанокот беше разгледано досегашното спроведување на самиот проект преку презентација на секој од учесниците во врска со доделените задачи. Потоа беше презентирана моменталната фаза од изработката на виртуелната лабораторија. Се претстави начинот на работа на програмата за симулација при што беа дадени одредени предлози за подобрување на самата платформа. Во наредниот период ќе се изврши и тестирање на платформата преку вклучување на учениците од партнерските средни училишта кои се дел од овој проект.

Како дел од оваа средба беше организирана и посета на фабриката Костал која претставува партнерска компанија на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во проектот на дуалното образование при што учесниците беа запознаени со самата компанија и со дел од нивното производството.

Исто така за време на состанокот се разговараше и за понатамошно продлабочување на соработката, а беа размените различни искуства со цел подобрување на наставата и зголемување на знаењата на учениците од средните стручни училишта меѓу сите партнери вклучени во овој проект.

Во рамките на оваа среба учесниците беа запознаени со убавините и културно историските знаменитости на Охрид, а се организира и посета на музејот на вода „Залиовот на коските“ и манастрискиот комплекс Св. Наум.

Следната средба е закажана за во декември, а домаќин ќе биде InterCollege од Алборг, Данска.

 

ОЕМУЦ