АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Охридската гимназија домаќин на Летната гитарска академија

Во просториите на нашата Гимназија од 1 до 6 септември се одржува   Летната гитарска Академија. Оваа Академија е организирана од Здружението на класични гитаристи Тремоло-Скопје. Се одржуваат мастеркласи и предавања за солисти и педагози. Предавањата ги држат музичките педагози Стефан Шмидт ( Stefan Schmidt )од Германија, Зоран Аниќ од Србија и Дарко Багески од Македонија пред  ученици и студенти од Србија,  Хрватска и Македонија . Како домаќини,  нашите професори и ученици имаат исклучителна можност да бидат дел од предавањата на  оваа Летна академија. Исто така, во рамките на Академијата ќе се одржат и два концерта на кои ќе се претстават младите учесници.

Гимназија Охрид