понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Празникот Голема Богородица прославен и во малата пештерна црква кај плажата Градиште близу Пештани

Големиот верски празник посветен на Голема Богородица беше одбележан и на плажата Градиште во близина на пештерната црка која е посветена на Богородица во ова есто близу Пештани.

Атрактивната плажа JungleBeach во Охрид Градиште 3 традиционално четврта година по ред го организира и обележува големиот христијански празник успение на пресвета Богородица, каде што е лоциран и храмот на пресвета Богородица во природна пештера.

Притоа, од страна на JungleBeach за посетителите беа обезбедени освежителни пијалоци, свежо овошје, печено јагнешко и традиционално охридско ѓомлезе. Целиот настан беше проследен од бендовите: Куку Леле, Силви бенд и Back door.

JungleBeach продолжува и понатаму со општествено одговорни акции каде излегува во пресрет на посетителите и локалното население.

Пештерната црква беше посетена од страна на бројни верници кои се помолија и запалија свечи во ова свето место.

Света Богородица Пештанска — македонска пештерна црква која се наоѓа во непосредна близина на селото Пештани. Сочуваниот фреско – живопис претставува најголем сликарски ансамбл што е сочуван, воопшто, во една пештерна црква на брегот на Охридското Езеро. Денес, поради продирање на атмосферските влијанија во внатрешноста на оваа пештерна црква, се отежнува нејзината посистематска анализа. Исто така, отсуствуваат пишани документи за неа. Сепак, со стилска анализа на сликарската постапка, се доаѓа до сознание дека ова сликарство поседува повеќе карактеристични одлики на Охридската сликарска школа од шеесеттите години на 14 век и е сродно со сликарството во Марковиот манастир.[1] Фреско-декорацијата е изведена директно врз нерамната површина на карпите и сцените се прилагодени на нивниот облик. Помеѓу најзначајните композиции се сцените од Големите Празници: “Благовештението”, “Рождеството”, “Сретението Христово”, “Крштевањето”, “Влегувањето во Ерусалим”, “Распетието”, како и претставите на светите воини и лекари и најпочитуваните светители во Охрид, светите Климент и Наум Охридски.