АктуелноОхрид

Свечено затворени Струшките вечери на поезијата

Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” вечерва заврши 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.
Свеченото затворање на манифестацијата годинава традиционално се одржа на Мостот на поезијата.
– По две години тишина, Мостот на поезијата ќе пулсира од ритмичните стапки на светските поети. Тишина, која како поетска цезура, става печат на значењето на она што беше пред неа и она што следува – рече на отворањето актерката Софија Насевска Трифуновска.
Годинешниот лауреат, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, поради поодмината возраст не присуствува на фестивалот, а признанието во негово име го прими неговиот син, истакнатиот јапонски композитор и пијанист Кенсаку Таникава.

nezavisen.mk