Свеченото отворање на 61. издание на Струшките вечери на поезијата утревечер ќе се одржи на летната тераса во хотелот „Дрим“, најави денеска дирекцијата на фестивалот. Одлуката за промена на локацијата од платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, според информацијата на националата установа „Струшки вечери на поезијата“ е поради најавата за поројни дождови.
– Поради исклучително неповолната метеоролошка прогноза што предвидува поројни дождови во попладневните часови во Струга, в среда во термин кога на отворен простор, пред платото на Центарот за култура беше предвидено да се поставува масивна опрема за осветлување и озвучување и која може да претрпи оштетувања и прогноза за поројни дождови, в четврток попладне, бевме принудени да донесеме одлука за промена на локацијата на свечното отворање за да го минимизираме ризикот од откажување на настанот – стои во соопштението на СВП.