АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Неделковски за Охридскиот маратон: За среќа Охрид доби градоначалник македонец, спортист, маж, срце од човек – Пецак

Миленко Неделковски својата најнова емисија ја наслови „Охридски маратон“. Тој зборува за Охридскиот маратон, но и за еден настан кој ретко кој разбра дека воопшто и се случил летово во Охрид.

„Без срам, без перде, без морал, без образ … претседателот Пендаровски објави дека дошол претседателот на пливачката федерација и му рекол блокирана му е сметката и заради тоа нема да се одржи „охридскиот пливачки маратон“, на која манифестација покровител е претседателот на државата. Прво маратонот не чини многу, еве се покажа дека чини 2 милиони денари или 30 000 евра. Тоа е традицијата на македонија, традицијата на Охрид, на пливањето, сакаше да ја уништи со блокирана е сметката“, вели Неделковски и додава:

„За среќа  Охрид доби градоначалник македонец, спортист, маж, срце, Пецак. Не го знам човекот, лично не сме се виделе никогаш. Немам негов телефон, нити сум го барал, нити тој мене ме барал. Но, се гледаат неговите дела. Тој и претседателот на советот, двајцата во два дена дадоа изјави „Нема да дозволиме да пропадне Охридскиот маратон. Градот Охрид ќе го земе и ќе го организира“, вели Неделковски.

Неделковски постави и дирекно прашање до пецаков и Донев.

-Ќе го викнете ли претседателот да ги подели наградите?

-Ако дозволите да дојде вие ќе сте исто срам како тој што е сега. Стево Пендаровски нема право да дојде на пристаништето и да ги чека, вели Неделковски.

Во емисијата Неделковски зборива и за концертот на Аца Лукас, во Охрид.

„Во клубот преполно, народ, забава, лето, а околу девет и нешто упаѓа полиција со сите можни инспекции, трудови, финансиски, санитарни… Им рекле празните овде, затварајте, избркајте ги сите гости, ставаме пломба.  Аца Лукас кој се спремал за настапот прашал „Што се случува“. Тогаш главниот кој дошол да го затвори локалот кажал дека музиката е прегласна и му пречи на претседатлот Стево Пендаровски кој во тоа време бил во вилата „Билјана“. Аца Лукас кога разбрал што е работата го зел телефонот го пуштил на спикер, и од таму се слушнало „Аца пријатељу шта има“. Тоа бил Александар Вучиќ. После ова Вучиќ рекол немој да ги бркате луѓето, дајте ми пет минути. И навистина после пет минути сите се повлекле и забавата продолжила“, раскажува Неделковски.

видео: YOU TUBE Milenko Nedelkovski