АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Охриѓанец и Скопјанец се тепале на плажата „Градиште“ затоа што „на криво се гледале“

На плажата „Градиште 1“ денес дошло до тепачка во која учествувале еден Охриѓанец ( по потекло од Пештани ) и еден Скопјанец.

Во тепачката подебелиот крај го извлекол Охриѓанецот кој бил натепан од Скопјанецот.

Интервенирала и полицијата која дошла на лице место и направила записник. Интересно е да се напомене дека при сослушувањето двете лица изјавиле дека се степале затоа што „накриво се гледале“.