АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Се поставуваат темели на зградата на ул.„АСНОМ“

Денеска започна поставувањето темели на зградата на улицата „АСНОМ“ во Охрид. По речиси два месеци продолжи градежниот зафат на ова место каде претходно работите беа стопирани поради настанатиот дефект и оштетувањата на патот.

Најверојатно ќе биде направен  и потпорен ѕид крај самиот пат со цел побезбедно функционирање на сообраќајот по улицата „АСНОМ“ во Охрид.

Потсетуваме, изминатиов период во неколку наврати беше целосно затворен за сообраќај коловозниот дел од оваа делница, поради небезбедност.