Информацијата дека три години наназад не се исплатени парите кои се наградни средства за победниците на „Охридски пливачки маратон“, предизвика лавина реакции по социјалните мрежи, а најчесто поставувано прашање е :
КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ОД НАГРАДИТЕ ?
ДАЛИ НЕКОЈ ПОЛАГАЛ СМЕТКА КАКО СЕ ТРОШИ НАГРАДНИОТ ФОНД ?
Јавноста остана изненадена кога вчера на прес конференција градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков обелодени дека не се исплаќале овие средства на пливачите кои освоиле медали на маратонот.
Останува да видиме дали некој од Федерацијата или Полицијата ќе излезе и ќе кажи каде се овие пари и дали некој ќе одговара за ова.
Охридскиот маратон е еден од брендовите на градот Охрид кој воочи својот јубилеј се најде во центарот на ваков финансиски скандал и не извесност дали воопшто ќе се одржи од како Претседателот на Македонија Стево Пендароски соопшти дека заради блокираната смекта на „Пливачката федерација на Македонија“ годинава маратон нема да има.
По ова уследи лавина реакции на јавноста и брза реакција на градоначалникот Пецаков кој најави дека градот Охрид сам ќе го организира маратонот.