Вчера на „Булевар Туристичка“ кај супер маркетот „Кипер“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Охрид и едно лице од Струга.
Двете лица од Охрид физички го нападнале лицето од Струга, од како претходно имале вербална расправија околу паркинг место во близина на супер маркетот.
Полицијата излегла на лице место, извршила увид и случајот е предаден на понатамошна процедура.