АктуелноВидеаВидеоОхрид

Професор Сефиданис: Ова е удар врз културно наследство кое ни го остави Прличев но, нас ова не не обесхрабрува

По нецели 48 часа од промоцијата, паметниот споменик на Виртуелен Прличев вандализиран. Проф. д-р Анис Сефиданис кој работеше на креацијата на виртуелниот Прличев вели:

„Григор Прличев додека бил жив се соочувал со многу поголеми удари. Ова е удар врз неговото културно наследство. Нас ова не не обесхрабрува. Повторно ги повикувам сите иноватори, уметници од Охрид и ширум светот да го чуваат неговото неследство. Во однос на амбиентот кој ги охрабрува екстремистите и оние кои посегнуваат по она што е свето мислам дека треба да поработиме заедно со државата со институциите преку зголемување на безбедносните стандарди, зголемување на квалитетот на образованието и потенцирање на ваквите личности од историјата кои повеќе од потребни ни се овие денови. Тука беа таргетирани три елементи симболично, бидејќи покрај тоа што имаше кражба таа нема толкава материјална вредност колку што има симболичка и духовна вредност. Беше отстрането македонското знаме, споменикот беше онеспособен, беше направен прекин на доводот на струја. Имало обид да се отвори уредот, за да се стигне до главниот компјутер, каде стои мозокот на виртулениот Прличев, заедно со системот за препознавање на македонскиот говор, со системот за вештачка интелегенција и генерирање на тродимензионалната сцена, но не успеале да ги отворат вратите. Има минорни оштетувања во однос на закривувања на металот беа нанесени. Не сум ни поличар ни социолог па да кажувам која би била позадината“, вели Сефиданис .

Споменикот го работеше тимот на професорот  Сефиданис, со поддршка на Општина Охрид Неговата компанија „Сефиданис“, во соработка со ученици на ОУ “Григор Прличев” Охрид, заедно работеле на овој иновативен систем. Учениците ги обезбедиле содржините, Шабан Брзев ги изработил анимациите на 3Д моделот и Стрезо Стаматовски го позајмил гласот.

Споменикот е попладнево пуштен во употреба.