АктуелноОхрид

Прекин во водоснабдувањето во населбите „Кошишта“, „Воска“ и делови од „Стар град“

Поради настанат дефект (пукната цевка со профил ф200 мм) на главната линија на улицата “Гоце Делчев”, денес од 07:30 часот ќе има повеќе часовен прекин во водоснабдувањето во населбите Кошишта, Воска и делови од Стар град.
Покрај улицата “Гоце Делчев”, прекин во водоснабдувањето ќе има и на сите споредни улици од улицата “Гоце Делчев”, на потегот од LC Waikiki до крстосницата со улицата “Бистрица”, информираат до ЈП Водоводо Охрид.