АктуелноОхрид

Тепачка на двајца охриѓани на улица „Васил Стефоски“

На 08.08.2022 во 10,40 часот, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со расправија и физичка пресметка помеѓу лице на (64)години  и лице на (48) години , двајцата од Охрид.

Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Охрид