На првиот ден од традиционалната крводарителска акција „Плаошник 22“, вчера, за само 5 часа, од 19 до 00 ч. беа собрани 51 единици крв. Им благодариме на крводарителите кои ја искажаа својата хуманост дарувајќи крв.
Продолжуваме со крводарителската акција и денес и ги покануваме нашите хуманите сограѓани и гости да си го освежат денот, дарувајќи крв од 9 до 13 ч. во ОУ „Св.Климент Охридски“-спортска сала, информираат од Црвен крст Охрид.