Од рано утринава на теренот Вапила – Расино – Сирула, кој е зафатен од пожар, на припомош се и екипи од сите општински јавни претпријатија. Дополнително на располагање е доставена и цистерната за вода од ЈП „Охридски комуналец“.
На терен моментално се екипи од Територијалната противпожарна единица – Охрид со околу 10 пожарникари и две возила, членови на Добороволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП „Национални шуми“.
Согласно последните информации од терен во моментов пожарот према Расино е локализиран.
-стои во објавата на ФБ од градоначалникот Кирил Пецаков.