АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пронајдена бела дрога кај ресенчанец кој престојувал во Охрид

На 05.08.2022 во 22.10 часот на ул.„Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода  лице на (25)години  од Ресен затоа што кај него била пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја.
Дополнителено, при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е дробилка со остатоци од марихуана.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид