Со цел навремено собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад се известуваат и замолуваат жителите на Пештани да не ги паркираат несоодветно возилата на улиците со што оневозможуваат возилата за собирање отпад благовремено го подигнат комуналниот отпад. Со тоа ќе се избегне лошата слика во однос на хигиената во Пештани, се вели во известувањето од ЈП Охридски комуналец.
фото: Архива