АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Со ребалансот на буџетот се обезбедува подобра функционалност на средствата и реализирање на приоритетните проекти за граѓаните

Со Предлог-одлуката за изменување и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа на општина Охрид за 2022 година која беше усвоена од страна на советниците на 14-та седница на Советот на Општина Охрид, се врши внатрешна прераспределба на средствата по годишните програми за работа, со цел да се обезбеди подобра функционалност на самиот буџет и обезбедување на подобри услови за реализирање на приоритетните проекти за граѓаните.

За уредување на градежно земјиште обезбедени се средства за набавка на градежна механизација и за изработка на проектна и техничка документација.
8.000.000 денари за реконструкција на ул. ,,Ѓорче Петров”;
2.800.000 денари за реконструкција и санација на улици во населба „Радојца Новичиќ“.
2.000.000 денари за реконструкција на дел од ул. ,,7 Ноември”;
10.000.000 денари за набавка и поставување заштитна опрема на ул. ,,Македонски Просветители”.
750.000 денари за изградба на тоалети;
9.000.000 денари за изградба на детски игралишта.
Во делот за Изградба и реконструкција на локални патишта и улици обезбедени се 6.000.000 денари за реконструкција и асфалтирање на улици во рурални населени места.
За одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за набавка и монтажа на заштитни огради на локални патишта и мостови, обезбедени се 1.000.000 денари за набавка и монтажа на заштитни огради на локални патишта и мостови.
За изградба на сообраќајна сигнализација обезбедени се 1.000.000 денари за уредување велосипедски патеки и 800.000 денари за набавка и поставување заштитна сообраќајна опрема.

За изградба на системи за водоснабдување обезбедени се
1.000.000 денари за изградба на улични водоводни линии во село Лескоец;
2.000.000 денари за набавка и поставување на пумпна станица во Шипокно;
1.000.000 денари партиципација на општина Охрид при изградба на водоводна мрежа на ул.,,Гоце Делчев”;
Средства за реконструкција на постојна хидрантска мрежа во Стар Град.
За изградба на системи за одведување и пречистување на отпадна вода
2.000.000 денари партиципација на Општина Охрид при изградба на фекална и атмосферска канализација на дел од ул. ,,Гоце Делчев”;
4.500.000 денари за изградба на фекална и атмосферска канализација на дел од улиците ,,Будва” и ,,Прилепска“;
1.600.000 денари за изработка на проектна документација за фекална канализациона мрежа и пречистителна станица во Трпејца;
За подобрување на условите во Основно образование:
Се обезбедуваат дополнителни 500.000 денари за ангажирање кадар за организирање продолжен престој и ангажирање наставници по италијански јазик како факултативна настава во основните училишта ,,Св. Климент Охридски” и ,,Христо Узунов”;
​Се обезбедуваат средства за проектот „Нашите првачиња” со кој се предвидуваат по 3.000 денари еднократен надомест, за што се предвидени вкупно 1.550.000 денари;
За изработка на ДУП со цел изградба на ново училиште ,,Григор Прличев” и надградба на детската градинка предвидена е сума од 250.000 денари;
За комплетно исплаќање на долговите на ООУ ,,Григор Прличев” обезбедни се дополнителни 2.065.000 денари.
За подобрување на условите во Средното образование:
За ОСУ „Св. Климент Охридски” предвидени се дополнителни 2 милиони денари за партерно и хортикултурно уредување на дворно место и ограда, 2.000.000 денари за набавка на клупи и врати и 2.500.000 денари за тековно оддржување на училишни објекти.
СОСУ „Св. Кирил и Методиј” обезбедни се дополнителни 5,5 милиони денари за инсталација на нов систем за греење, 17 милиони денари за реконструкција, партерно уредување и електрика и 500.000 денари за набавка на смарт табли.
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” обезбедни се 600.000 денари за набавка на компјутери и 2.900.000 денари за набавка на клупи.
За сите три средни училишта обезбедени се нови 1.000.000 денари за изработка на проекти, а обезбедени се дополнитлени средства за купување училишна опрема мебел и книги за библиотеките.

За обезбедување на подобри услови за детска заштита издвоени се дополнителни средства за промена на дограма во холовите и административниот дел во објектот на детската градинка ,,Лихнида”.
За обезбедување на подобри услови во делот на здравствената и социјална заштита обезбедeни се средства за проектот „Образовен додаток” кој ќе овозможи еднократна помош од 6000 денари за студенти од Охрид кои потекнуваат од семејства со социјален ризик, многудетни или еднородителски семејства.
Во програмата за култура и културни манифестации се обезбедуваат 1.200.000 денари за Фестивал на вино и музика кој ќе се одржи во месец септември.
Во програмата за спорт и рекреација обезбедини се 4.690.000 денари за поддршка на спортските клубови, здруженија и школи и 92.000 денари за поддршка за спортисти индивидуалци и клубовите за подводни дејности.

 

општина Охрид