АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Света архиерејска Литургија по повод Илинден во храмот Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во селото Лазарополе

На денот кога го славиме споменот на светиот и славен пророк Илија, светите Пречистански Преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, како и 119 години од херојското Илинденското Востание, ве известуваме дека централното торжественото празнување ќе се одбележи со:
Света архијерејска Литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во селото Лазарополе, која ќе започне во 09:00 часот, на која ќе чиноначалствува нашиот старец и игумен, Неговото Преосвештенство Епископот Партениј Антаниски;
Свечен чин на Доксологија – Молитва за Татковината и за покој на паднатите за слобода, во соборниот храм на Свештената Бигорска Обител, која ќе започне во 14:00 часот.
Честит Илинден и од Бога благослов!
На многаја лета, возљубена наша Татковино!
Бигорски Манастир