петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Поранешен охридски политичар уапсен по пријава за семејно насилство

Полицијата уапси едно лице кое било пријавено од сопругата дека вршел насилство врз неа во нивниот дом.

Лицето физички ја нападнало сопругата, која ја повикала полицијата и барала да биде заштитена од насилникот.

Во моментот кога дошла полицијата, насилникот се дал во бегство, по што по околу два часа бегање полицијата го пронашла и го привела.

Неофицијално се работи за лице кое во минатото било политички активно и добро е познато на јавноста.

Инаку и претходно ова лице имало проблеми со законот и против него се поднесувани пријави за кроистење зелени тревкасни опојни материи, како и за предизвикување општа опасност.

Се очекува полицијата да излезе со повеќе детали околу овој настан, кој со сигурност е показател какви луѓе се појавуваат и се финансирани во политиката.