Советничката Деса Косаркоска во пост на ФБ објави дека целосно ги отврфрла вчера објавени информации дека не гласа според координациите кои ги прават во СДСМ, но отфрли и дека била со Науме Јованоски Чакар.
Таа тврди дека гласа по свое убедување, а написот на Охрид1 го оцени како фатаморгана.
Појаснува дека има долго искуство, дека е обраозована и има големи аналитички способности.
Покрај тоа во постот таа споделила линк од Википедија, во кој за тие кои не знаат, не се образовани и немаат аналитички способности, се објаснува што е тоа фатаморгана.