Едно малолетно лице од Скопје како последица на неконтролирано и прекумерно консумирање алкохол колабирало на забава организирана во ноќен клуб во Охрид.
Била повикана Брза помош која констатирала дека лицето е затруено од прекумерно пиење алкохол и со возило на брзата помош е перенесено на Токсикологија каде е хоспитализирано.
Нема информации дали лицето е во животна опасност.