АктуелноОхрид

Exit Festival доаѓа во Македонија, Get EXITed забава во Струмица на 7-ми септември!

Exit Festival конечно доаѓа во Македонија, со Get EXITed забавата за запознавање која ќе се одржи во Струмица на 7-ми септември 2022 година.

– Време е за Get EXITed, Macedonia. На семејството на EXIT настани се приклучува и Македонија и тоа со Get EXITed, Macedonia забавата, која со настапи на интернационални и локални ѕвезди ќе се одржи во Струмица на 7-ми септември. Концептот на еднодневниот музички настан е вовед во првото издание на големиот македонски фестивал кој е планиран за следната година. We are EXITed to dance with all of you beautiful people! Се гледаме во Струмица, порачаа од Exit Festival.

Да се надеваме дека на мапата на организаторите на Exit Festival ќе се најде и нашиот Охрид, на кого токму ваков, сериозен и организиран концепт за вакви настани, му е и повеќе од потребен. Охрид пред неколку години направи сериозен исчекор, но околностите направија се’ да застане, по што очигледно се немаше ни визија ни желба да се препознаат можностите кои ги нуди оваа индустрија.

Концептот е тука, разработен до најситни детали, може, треба и време е да се искористи и употреби. Истиот ќе стави ред во оваа исклучително важна област со потенцијал да донесе бројни гости во градот, во и надвор на шпицот на сезоната. (Крај)

извор: ОхридПрес

фото: ОхридПрес