АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Успешно спасен заплеткан штрк во своето гнездо во Волино, Дебарца

Денес со помош на електромонтерска екипа,со специјалната дигалка и Јане Иваноски изведена е акција за спасување на млад штрк,кој бил заплеткан во своето гнездо, на училиштето во село Волино.
По симнувањето на штркот и извршената имобилизација на ногата повикана е ветеринарна екипа од Зоолошката градина во Битола.
Младиот штрк е преземен и ќе продолжи неговото лекување и очекувањата се за десетина дена да биде вратен во Волино.
Фото ФБ Зоран Ногачески градоначалник на Дебарца