АктуелноВидеаВидео

(ВИДЕО) Невреме во Охрид – погледнете го видеото до крај

Невремето во Охрид, направи голема штета. Жителите од стариот дел на Охрид велат невремето „дојде“ од Езерото. За миг убавата прозрачна сина боја стана бела, носеќи со себе силен ветар.
Погледнете го видеото кое го сними Александар Ѓурчев.

Прогнозата за денеска беше променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално со поинтензивни процеси  во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата, соопштуваат од УХМР.

видео: Александар Ѓурчев