АктуелноОхрид

Невремето предизвика огромни штети во Охрид – откорната лимена гаража, откорнати дрвја, прокиснати тавани …

Невремето кое го зафати Охрид, предизвика огромни штети.  Откарната лимена гаража, откорнати дрвја, прокиснати тавани, искршена урбана опрема…

Граѓаните во неверување како за  кратко време, невремето направи огромна штета.

Прогнозата за денеска беше променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално со поинтензивни процеси  во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата, соопштуваат од УХМР.

фото: Охрид 1