недела, ноември 17, 2024
Актуелноглавни-вестиМакедонијаНаш ИзборНаш изборОхридПоследни ВестиРепублика

Туристи од Романија се тепале во автобус кај Ботун

Синоќа околу 23 часот во селото Ботун, во општина Дебрца, во туристички автобус со регистарски ознаки на Романија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи, државјани на Романија.

Автобусот во кој се случила тепачката бил тргнат од Охрид кон Скопје. Во моментот кога еден од мажите почнал агресивно да се однесува и физички го нападнал другиот патник, автобусот  застанал во селото Ботун, по што од страна на водичите на групата била повикана Полиција.

Еден државјанин на Романија е приведен, а автобусот продолжил со останатите туристи кон Скопје.