АктуелноОхрид

(ФОТО) Кога ќе ти се погоди сенката, си паркираш – зарем е важно што си пред клупа?

Паркингот е проблем во Охрид. Граѓаните често знаат да критикуваат дека нема доволно паркин простор. Но, треба да признаеме дека и кога има, знаеме да злоупотребиме.

Читател на Охрид 1 ни испрати фотографии од стариот дел на Охрид, на која се гледа дека автомобил е паркиран точно пред клупа и покрај тоа што има многу слободни места околу него.

„Секоја вечер пашачиме по патеките низ стариот дел на Охрид и секогаш сакаме да одмориме на клупите по патеката од Месокастро према Горна порта. Но денеска не можевме, затоа што точно пред клупата имаше паркиран автомобил“, вели читател на Охрид 1, кој ни ги испрати фотографиите.

извор: Охрид 1

фото: Охрид 1