АктуелноОхрид

(ФОТО) Во Охрид поставени информативни табли пред сите заштитени чинари и кочеџикот, кои се прогласени за природна реткост

Поставивме информативни табли пред сите заштитени чинари и кочеџикот, кои се прогласени за природна реткост.


Овој проект е дел од Програмата за заштита на животна средина и природа, а Одделението за заштита и влијание врз животна средина го реализираше со поддршка на ЈП „Градски Гробишта“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Информативни табли со основни информации за староста и називот на заштитените стебла се поставени пред чинарите: на плоштадот „Чинар“, во близина на Здружението на пензионери; во населба Воска; пред зградата на Црвен Крст; во Влашка Мала; во населба Кошишта и чинарот кој е во Централното градско подрачје и единечното стебло Кочеџик во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“.
Бидејќи овие дрвја се прогласени за природна реткост забрането е поставување на плакати, летоци и некролози на стеблата и се упатува апел до граѓаните за поголема внимателност и грижа за зачувување на истите.

извор: ФБ Кирил Пецаков
фото: ФБ Кирил Пецаков