АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Утре започнува „Бич филм фестивал“, ќе бидат прикажани над 40 филмови

Во пет фестивалски денови на четири локации специфични за фестивалот, како амбиенталноста на амфитеатарот во предворјето на „Св. Софија“, плажата Славија, Лапидариумот и бродот „Армада“ ќе бидат организирани филмски проекции на повеќе од 40 филма од 17 различни европски земји.

– На 20 јули започнува отворањето на фестивалот на нова локација во амфитеатарот на предворјето на монументалната црква „Св. Софија“, како едно важно културно обележје на градот, со почеток во 20.30 часот. „Бич филм фестивал“ ќе биде отворен со грчкиот филм „A Simple Man“. Понатаму, следните фестивалски денови се селат на плажата Славија, Лапидариумот и бродот „Армада“. Во oфицијалната селекција на долгометражни филмови ќе бидат прикажани и филмовите „Anais in Love“, „A Pure Place“, „Inventura“, „Bitch“, „A Derogatory Term for a Woman“, „Infinite Sea“. Додека во официјалната селекција на краткометражни филмови и краткометражни студентски филмови ќе можеме да проследиме 33 филма – информира Ангела Здравковска.

На петтото издание на фестивалот, за наградите голем бран – најдобар долгометражен филм, мал бран – најдобар краткометражен филм, Стефан Сидовски-Сидо за најдобро актерско остварување ќе одлучува тричленото жири составено од Фред Келемен, Кавех Захеди и Срѓан Драгојевиќ.

 

novamakedonija.com