АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Охрид за изминативе три дена бележи 31 нов случај на КОВИД 19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 15 јули до 17 јули) направени се 2.466 тестови, а регистрирани се 899 нови случаи со ковид-19 и 670 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (899), регистрирани се 201 реинфекција. Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице.

Од 899 новозаболени од Скопје се 470, Битола – 75, Кавадарци – 50, Прилеп – 40, Куманово – 39, Охрид – 31, Гостивар – 27, Тетово – 25, Велес – 23, Струмица – 22, Кичево – 16, Штип – 13, Струга – 10, Неготино – 9, Ресен и Кратово – по 8, Гевгелија – 6, Кочани и Валандово – по 5, Македонски Брод – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – 3, Берово – 2, Свети Николе, Радовиш, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.