АктуелноИздвојувамеНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Трпејца овој викенд полна со туристи

Селото Трпејца овој викенд е полно со туристи. Иако во Охрид сезоната многумина веќе ја оценуваат како една од послабите, барем овој викенд во ова село беше полно.

Дека селото е исполнето со гости се гледа и по дворовите од куќите кои се полни со автомобили од Србија и други градови од Македонија, а викендов работеа и т.н. приватни паркинзи , поточно сосптвеници на дворови или ниви ги изнајмуваат за паркинг по цена од 100 до 150 денари на ден.

Развижено е и на плажата, како и во самото езеро, каде оваа година хит понуда е возењето СУП даска, каде се чека ред за изнајмување.