АктуелноОхрид

Затекнати малолетни лица како конзумираат алкохол после полноќ во угостителски објект

Малолетни лица затекнати во консумирање алкохол во угостителски објекти ноќеска во Охрид при контрола на полицијата во рамките на кампањата „Безбедно лето 2022″.

СВР Охрид денеска соопшти дека во периодот од 23 часот синоќа до три часот по полноќ полициски службеници од СВР Охрид извршиле контроли во угостителски објекти во централното градско подрачје.

– Притоа, во повеќе угостителски објекти, после 24 часот, затекнати се малолетни лица кои консумираат алкохол. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави, стои во информацијата.

СВР Охрид, како што е наведено, синоќа започна и превентивна кампања „Соседска патрола”.

 

СВР Охрид