Актуелноглавни-вестиИздвојувамеНаш ИзборНаш избор

(ФОТО) Одрон има и до соседната зграда – сообраќајот на АСНОМ на една лента

Градоначалникот Кирил Пецаков со мерки против инвеститорот со цел заштита на интересот на градотГрадоначалникот Кирил Пецаков со мерки против инвеститорот со цел заштита на интересот на градот

Од вчера попладне заради поголем одрон на градилиште на улицата АСНОМ сообраќајот на оваа улица се одвива по една лента, додека дел од тротоарот и велосипедската аптека повеќе не постои.

Одрон на ископот има и покрај соседната зграда, каде исто така земјата се лизга, а поставена е и заштита од зелена мрежа, додека станарите од зградата автомобилите ги паркираат на другата страна.

Од вчера напладне просторот кај одронот е обезбеден и денес се очекува да се продолжи со санација од страна на компаниите инвеститори и изведувачи на работите.

Заради одронот неколку часа делови од Охрид останаа и без вода.

До утрово надлежните институции и државни инспекции не се огласени со информација околу овој настан.