АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Реализирана уште една успешна презентација на тема : Библијата и младите

Синоќа во дворот од Црквата Св.Петка с.Враништа од 20.30 до 22.00 часот беше претставена видео презентација на Тема: Библијата и Младите.Пред започнување на презентацијата нашиот парох отец Ристе Наумоски на најмладите им оддржа кусо предавање за значењето на Библијата во нашиот секојдневен живот.
После прикажаната видео презентација се премина на отворена дискусија со прашања и одговори помеѓу младите и свештеникот.На истата присуствуваа голем број на дечиња воглавно редовни посетители на Светите Богослужби, а истите беа придружувани од своите родители, како и баби и дедовци.
-Почитувани продолжуваме со секојдневните активности помеѓу нашата Црква и децата,а се со цел за што поголемо осознавање на нашата Света Православна Вера и изградување на здрави личности кои што ќе бидат гордост за нашата Црква,заедницата,државата и општеството во кое што живееме со минимум на пороци. Господе Исусе Христе умножи го нашето стадо, рече во своето обраќање Отец Ристе Наумоски.