Uncategorized

(ВИДЕО) Силниот дожд ја поплави улицата Кленоец во Охрид

Силниот дожд кој попладнево го зафати Охрид ја поплави улицата Кленоец.

 

 

метеоролозите неколку денови најавуваат дека во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме.

Според најавата на УХМР, под влијание на влажен бран в петок и в сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 литри на метар квадратен) и значителен пад на температурата.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер.

В недела ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник ќе биде постабилно со постепен пораст на дневните температури.

Следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 21 степен, а максималната од 21 до 32 степени.

видео: Охрид 1