На 02.07.2022 година Сабота вечер во дворот од Црквата Св Петка с.Враништа беше оддржана Трибина односно предавање од страна на отец Ристе на тема:Црквата и децата.
На истата присуствуваа задоволителен број на родители и млади.Се донесе заклучок дека треба да продолжиме со взаемна работа на родители-црква и децата,како активно би се вклучиле во намалувањето на зависноста на младите од интернет конекцијата и правилно користење на истата. Воедно беше изразена голема благодарност од родителите кон активностите што досега ги превзема нашата црква под будност на свештеникот и сите волонтери кои што се вклучени во овој добробит.Да напоменеме во нашата црковна секција членуваат околу шеесетина млади со тенденции на секојдневно зголемување од предшколска возраст се до деветто одделение.Ќе продолжиме во текот на наредните викенди со понатамошни трибини предавања,поуки,совети и разни работилници за едукација на нашата младина.
Им изразувам голема благодарност на сите што беа присутни,а воедно апелирам во иднина за што мовасовен одзив од страна на сите засегнати од оваа проблематика.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.