АктуелноОхрид

По повеќе од 20 години ќе се врши осветување на манастирот Св.Богородица во село Свиништа

На ден 24.07.2022 година во охридското село Свиништа ќе биде осветено ново духовно светилиште св.Богородица за сите православни христијани. Со благослов на Дебарско-Кичевскиот Митрополит господин Тимотеј ќе се врши осветување на манастирот Св.Богородица во село Свиништа, информираат организаторите, објави powerinfo.mk.

Чинот на осветувањето на духовното светилиште ќе се одржи на 24 јули со почеток од 08 часот, додаваат од таму.

Според предвидената програма со чинот на осветување на храмот ќе чиноначалствува Митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, додека по чинот на осветувањето ќе следи свечена трпеза.

По овој повод се покануваат сите православни христијани да присуствуваат на светиот чин на осветување на црквата.

извор: powerinfo.mk.