АктуелноОхрид

Давеник во Охридското Езеро во близина на автокампот „Ас“ кај Струга

Шеесет и шест годишно лице попладнево е пронајдено без знаци на живот во водите на Охридското Езеро во близина на автокампот „Ас“ кај Струга. Tелото било забележано од капачите на плажата.
Според првичните информации на телото на починатиот немало траги на насилство.
Екипа на Струшката брза помош интервенирала на лице место, но лицето немало знаци за живот.
Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител и медицински тим.

Фото: Архива